Вљубениците во вискито, посебно на „Џек Даниелс“, од следната година ќе можат да уживаат во нов, безбоен алкохолен пијалок од дестилеријата во Тенеси. Последен пат вакво виски било правено за време на прохибицијата на почетокот на 20 век. Познатиот производител на виски го претставил новиот пијалок кој според неговиот опис има сладок и овошен мирис, силно чувство на житариците и сув крај на вкусот.


Џеф Арнет, кој е седмиот „господар“ на дестилеријата во Тенеси која постои 146 години, вели дека формулата содржела нов и единствен вкус. Бојата на вискито е резултат на созревањето и често може да открие во кој вид буре созревало. Некогаш се користи и карамела за потемнување на пијалокот. Новиот виски ќе почне да се продава на почетокот на јануари, засега само во САД, и тоа во одредени продавници по цена од 49 долари за шише од 750 милилитри.