Денес за прв пат по 2 септември 2020 не бележиме ниту еден починат од Ковид 19, информира Министерството за здравство.
Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а еднствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме. – соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа се направени 3.068 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од кои: Скопје 3, Тетово 2, Велес, Кичево и Охрид по 1.
Регистрирани се 9 оздравени пациенти од Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и Ресен.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.
OhridNews