Необичниот стаорец со црвени влакна повторно се појавил, јавуваат медиумите. Животното со мала големина повеќе од еден век не било забележано никаде, но неодамна се појавило во природниот резерват во Колумбија. Двајцата волонтери кои го забележале во природниот резерват Ел Дорадо не можеле да го сокријат своето воодушевување.
Лизи Нобл, една од волонтерките изјавила дека животното се појавило од грмушките близу местото на кое се наоѓале. Според белешките, два стаорци со црвени влакна последен пат биле забележани 1898 година. Тогаш ги проучиле и тоа биле единствените информации кои постојат за нив.