60 годишна канаѓанка за прв пат станала мајка кога пред неколку дена родила близнаци благодарение на вештачко оплодување.
Ранит Хауер близнаците ги родила 7 неделе пред терминот со царски рез во болница во Калгари. Мајкта и децата се чувствуваат добро.
Жената изјавила дека со дцении се обидувала да остане бремена, но тоа во Канада не и пошло од рака, помош побарала во Индија. Останала бремена со 3 ембриони но еден од нив не се развил.
Се повеќе жени од Северна Америка за лекување на неплодноста одат во Индија, каде законските регулативи за тие постапки се многу поблаги.
Титулата за најстара мајка на светот и припаѓа на 66 годишната Кармели Бусади од Шпанија, која во 2006 година роди близнаци.