Десетгодишното девојче Тиа-Маи Мекарти од Дорсет за прв пат изела оброк, известиле британските медиуми. Девојчето цели десет години е хрането со цевка, бидејќи одбивало да јаде на вообичаен начин. Бројни експерти кои ја прегледувале утврдиле дека нема медицинска причина зошто не би можела да јаде.
Апетитот успеале да и го вратат во специјализирана швајцарска клиника, а по првиот јогурт за Божиќ, девојчето изело пудинг, сладолед, шненокле и гриз. Нејзината мајка Сју Мекарти (44) вели дека сеуште навечер повремено се храни со цевка, за да ги внесе сите потребни хранливи материи во организмот, но семејството се надева дека наскоро ни тоа не ќе биде потребно.