На настан што го организира Министерството за животна средина, утре во Охрид ќе биде промовиран ЕУ проектот INTERREG Програма, со наслов AIRTHINGS кој се однесува на следење на квалитетот на воздухот преку нови иновативни методи, а во кој како пилот град е вклучен Охрид.
Проектот AIRTHINGS ги користи новите технологии преку т.н интелигентни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, обезбедувајќи податоци во реално време преку мрежа за формирање на интернет поврзани градови, во Македонија Охрид-пилот град. Тоа ќе обезбеди следење на квалитетот на воздухот, “облак” базиран на “Отворени податоци” и систем со предвидлива анализа и напредна можност за учење кое овозможува навремени активности на јавните органи. Тоа треба да овозможи носење на правовремени одлуки на јавните власти, граѓаните и бизнис заедницата.
Во рамки на проектот Одделението за заштита и влијание врз животната средина при локалната самоуправа започна со поставување сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на филтри за домаќинства кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови. Со тоа за прв пат ќе се обезбедат презцизни податоци за состојбата со загадувување на воздухот во Охрид.
Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 г. во Македонија околу 3.000 смртни случаи годишно се припишуваат на загадувањето со ситни честички (ПМ10 и ПМ2.5). Овој поразителен број е просекот за нашата земја во последните години. Истовремено приближно 400.000 наши сограѓани живеат под прагот на сиромаштија. Иако не постои безбедно ниво на загаденост, со намалување на концентрациите на ПМ10 и ПМ2.5 до стандардот на ЕУ би се избегнале повеќе од 800 смртни случаи и илјадници загубени работни денови, а здравствените заштеди се проценуваат на 151 милион евра годишно.
Г.М.