По повод празникот Божик, на 7-ми јануари, понеделник, јавниот градски паркинг со кој стопанисува  ЈП „Билјанини извори“, ќе биде бесплатен за сите корисници.

Oдлуката е донесена во знак на почит кон празникот и верниците, соопшти јавното претпријатие.

Во духот на овој празник ЈП „Билјанини Извори“ ја донесе ова одлука како почит кон еден од најголемите христијански празници за православните верници. ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје, просперитет и разбирање да се всели во нивните домови.

Нека е честит празникот и за многу години, “Христос се роди“! – се вели во празничната честитка на ЈП „Билјанини извори“.

OhridNews