Marcie Edmonds од Аризона, САД била убодена од шкорпија. По убодот имала потешкотии со дишењето па одлучила да побара помош и била упатена во најблиската болница која поседувала противотров за убод од шкорпија.

Таа примила две дози од противотровот, а за само неколку часа била пратена дома бидејќи симптомите се повлекле. Но нештото што не го очекувала е дека третманот кој го примила ќе чини $83,000 долари.
Таа платила по $39,652 долари за една доза на противотров, а нејзиниот револт бил уште поголем откако дознала дека во Мексико една доза од истиот противотров чини приближно $100 долари.
Нејзиното осигурување го платило поголемиот дел од износот, но Marcie Edmonds сепак мора да плати уште $25,000 долари за болнички трошоци за нејзиниот тричасовен престој во болницата.