„Чествувањата за „Вториот Хомер“ во годината кога се навршуваат 150 години од неговото понесување на ловоровиот венец на поетскиот конкурс во Атина, никому, па и на НУ Центар за култура не му дава право на екслузивност во ораганизацијата на „Прличевите беседи“.
Ова дотолку повеке што НУ Центар за култура како своја активност во дводневното чествување исполнето со низа содржини, ја има само Свеченоста посветена на лауреатот што ке се одржи на 5.февруари во 12 часот. На неа, без потценување, ке биде претставена поемата-победник на конкурсот за 2009.година, ке се врачи повелбата и наградата на победникот, и ке биде објавен Конкурсот за најдобра поема за 2010.година.
За разлика од таа единствена содржина на НУ ЦК, сите други содржини во склоп на манифестацијата „Прличеви беседи 2010“ ги организираат Библиотеката и Основното училиште кои го носат името на лауреатот од Атина, и општина Охрид.
Впрочем, вистинското беседење за Прличев го организира општина Охрид и на програмата е на 6.фебруари во 12 часот во спомен-куќата на Прличев. На Беседата за Прличев ќе беседат писателите Санде Стојчески и Бранко Цветкоски, а артистката Ирена Ристиќ ке чита извадоци од делата на Прличев.
Колку за да се знае, организацијата и трошоците за оваа свеченост се на терет на општината, а не на Министерството за култура.
Заради сето ова сметам дека е невкусно и некоректно кон самото име на Прличев некој ,како НУ ЦК, да си дава право на екслузивен организатор. Во Центарот за култура треба да сфатат дека градот го чествува делото на Прличев, а не да се правдаат парите од Министерството со една свеченост во име на градот“ стои во соопштението на Општина Охрид.