За предизвикувачите на бучава казна и до 5000 евра
08.02.07 09:00
Бучавата на која се почесто се изложени граѓаните наскоро ќе се третира во законски рамки, откако Собраниската комисија за транспорт, врски и екологија го усвои Заклучокот за донесување закон за бучава во животната средина.
Државниот секретар во МЖСПП Дејан Пановски образложи дека причини за донесување на новиот закон е овозможување целосен пристап на управувањето со бучавата во животната средина и адекватна функционална поставеност на институциите кои се надлежни за оваа проблематика и за мониторинг на таа појава. Со новиот закон се внесуваат нови аспекти во третирањето на проблемот кои се усогласени со европската легислатива. Во Предлогот се утврдени мерки кои се однесуваат на бучавата што се емитува од поголемите извори – превозните средства, инфраструктурата и мобилната машинерија. Според изворот, бучавата е класифицирана на индустриска, сообраќајна, бучава од надворешна средина и предизвикана од јавни манифестации. Казнените одредби предвидуваат парични санкции од 150 до 5.000 евра ако бидат прекршени граничните вредности.
Според надлежните дури 90 отсто од пријавите на граѓаните се однесувале на бучава од гласна музика во кафулињата. Пратениците предлагаат, надзорот на бучавата во угостителските објекти и во сообраќајот да биде во надлежност на органите на јавната безбедност, а не на инспекторите надлежни за заштита на животната средина.
Проблемот со бучавата во Охрид особено е изразен во стариот дел на градот. На барање на жителите од МЗ Стар град, РЗЗЗ неодамна спроведе истражување на негативните ефекти од бучавата, при што било констатирана зголемена вознемиреност и нарушување на спиењето кај луѓето кои живеат во овој дел на градот.
Во заклучокот на РЗЗЗ, стои дека здравствената состојба на испитаната популација укажува дека треба да се преземат мерки за намалување на нивото на бучавата особено во текот на ноќта, со цел да се превенира влошувањето на здравствената состојба кај хроничните болни и да се спречи појавата на нови заболувања.
Им се жалеа на советниците за бучавата Жителите од МЗ Стар град
Под притисок на жителите од МЗ Стар град, Советот на општина Охрид неодамна ја одложи расправата по предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, “Ние не сме против работата на угостителските објекти, но не може да се продолжува нивното работно време без претходно да бидат преземени мерки да се заштити граѓанството од штетната бучава што произлегува од продолжувањето на работното време на угостителските објекти“, велат жителите од МЗ Стар град.
Проблемот со бучавата во Охрид беше отворен и на вчерашната седница на чиј дневен ред беа советнички прашања, при што општинската администрацијана жителите од стариот дел им сугерираше на куќите да постават подобра изолација.
Советниците следната недела ќе ја одржат педесет и втората седница на Советот на Општина Охрид На дневен ред се 17 точки меѓу нив одлуките за определување на просечна цена за утврдување на пазарна ...
Општина Охрид ги објави конкурсите за доделување на стипендии за учениците од основните и средните училишта и студентските стипендии Општина Охрид за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии н...
Полициски службеници од ОВР Струга одржаа работен состанок со претставници на Центарот за социјални работи Струга со цел засилена меѓусебна соработка и координација за намалување на малолетничката ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.