Времето во продолжениот празничен викенд ќе биде врнежливо и студено соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во главно ќе се задржи променливо, облачно и посвежо време , а во охридскиот регион се очекуваат пообилни врнежи.
Во петок и во сабота ќе има намалување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, и со слаб локален дожд.
Од сабота попладне ќе настапи заладување со засилен северен ветер и значителен пад на утринските температури.