-Годинава иако интересот е можеби малку помал, во однос на минатата година, веќе имаме нарачка за три екстра автобуси на релација Белград – Охрид, пред новогодишните празници, кои се продадени. Исто така на линијата Охрид – Скопје – Охрид, очекуваме да бидат ангажирани од дваесет до триесет автобуси, повеќе, во рамки на редовните линии.-вели Димитар Василески, директор на АД „Галеб“ – Охрид.
За сите подетални информации околу дополнетиот возен ред на автобусите, ќе може да се добијат на Автобуската станица во Охрид или на телефон 046/260-339.