По повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, во вторник, 2-ри јули, бродовите Александрија 1 и 2 ќе пловат до манастирот „Св.Наум“ по симболична цена од 300 денари за повратен билет.
Бродовите „Александрија“ за Св. Наум во вторник тргнуваат во 19 часот од градското пристаниште.
Карти ќе можат да се купуваат денеска на градското пристаниште.од 9 – 22 часот, како и утре, во ограничен број.
Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.
OhridNews