За празникот Први Мај ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец.
Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 5-от степен Целзиусов, а максималната дневна температура ќе достигне до 15 степени.
Во четврток не очекува сончево време со умерена облачност, попладне со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 5 – 16 степени.
OhridNews