Во пресрет на утрешниот голем празник, ЛК Лихнидос презеде иницијатива за подобрување на внатрешното и надворешното осветлување на црквата Св. Никола (Долна Влашка Маала).

Оваа црква заслужува посебен респект. Изградена е во 1863 година од страна на влашкото население, кое се преселило во Охрид од Москополе. Во нејзината апсида е насликана една од највпечатливите фрески на Богородица со широко раширени раце. Притоа, ретко кој од нашите сограѓани знае дека иконостасот е дело на еден од најголемите уметници на XIX век на целиот Балкан, генијалниот Дичо Зограф. На овој начин сакаме симболично да го одбележиме јубилејот 200 години од неговото раѓање (Димитар Крстев Дичов, познат како Дичо Зограф е роден во Тресонче, 1819 година).” – изјави Проф. Д-р Зоран Тунтев, член на клубот Лихнидос.

ЛК „Лихнидос“, кој оваа година одбележува 10 години постоење, во рамки на својот проект „Охрид град на светлината“, инсталираше ново и го подобри надворешното и внатрешното осветлување на најзначајните сакрални објекти, музејски куќи и знаменитости во стариот дел на градот.

OhridNews