Младите на Црвен крст Охрид на четири деца кои ги загубиле и живеат без двата родители им доделија нови: компјутери, печатари, маси за компјутери и столици, кои беа набавени со средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за учество во хуманитарната спортско-рекреативна акција “ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО” која во организација на младите на Црвен крст Охрид се одржа на 26 мај оваа година.
Целна група на оваа акција беа четири деца од Охрид кои живеат без обата родители.
Акцијата ја помогнаа и подржаа преку 3000 луѓе, многу фирми и институции од Охрид и пошироко, а во многуте спортски натпревари учествуваа над 500 млади. Во рамките на акцијата, беше спроведена наградна игра во која беа доделени преку 20 вредни награди.
Ваква акција ќе се организира и наредната година, информираше Црвениот Крст.
ohridnews