Советот на општина Охрид, по предлог на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за поморот на плашица во каналот Студенчишта и активностите кои се преземаат околу проблемот.

Поради намалениот водостој и недостаток на кислород во водата во каналот Студенчишта неодамна дојде до помор на околу половина тон плашица. Се проценува дека во каналот има околу 10 тони плашица која тика влегува да презими.

OhridNews