И покрај светската слава, поранешниот Битлс Пол Мекартни во Њу Орлеанс доживеал „минута анонимност“ кога го замениле за уличен пејач. Патниците не се возбудиле премногу кога тој се качил во градски трамвај заедно со сопругата Ненси и телохранителот. Едноставно не го препознале.
Не реагирале ниту кога почнал да ги пее своите песни. Повеќето го игнорирале, мислејќи дека е еден од многубројните локални музичари кои заработуваат пеејќи на улица. Имало и такви кои импресионирани од неговиот настап му дале пари. Еден од патниците рекол дека се качил во трамвајот и почнал да пее песни на Битлси. На почетокот го игнорирале, а кога сватиле за кого станува збор биле во шок.