Американецот Кејси Путч од Охајо направил прав Бетмобил кој смее да го вози по улиците. Кејси неверојатниот автомобил во својата работилница „Putsch Racing Designs“ го изработувал пет месеци. Без никави нацрти ниту компјутери, деловите ги изработувал од најразлични материјали, меѓу кои имало и такви какви што се користат за изработка на вселеснките бродови. Омилен дел на Бетмобилот му била турбината која ја користела морнарицата за лансирање торпеда.


Репликата на футуристичкото возило од филмот „Враќањето на Бетмен“ од 1989 година е регистрирана и осигурана, а сопственикот добил дозвола да ја вози по улиците на САД. Може да постигне брзина од 265 до максимални 290 километри на час, а како гориво користи керозин или дизел. Кејси изјавил дека сите сакале да се фотографираат со Бетмобилот, а планирал и да го вози на трка во Индија.