Компаниите “Apple”, “Google” i “Microsoft” веќе работеле на направи кои се управуваат со гласот или движења со телото пред камера, но од IBM сметаат дека овие технички достигнувања ќе бидат со краток век и во својот годишен извештај предвидуваат дека веќе за пет години на пазарот ќе се појават компјутери кои ќе се контролираат само со мозокот. Претставник од IBM изјавил дека читањето мисли со децении била тема на авторите на научно-фантастичните романи и филмови, но изгледа дека нивните желби наскоро ќе се остварат. Целта на оваа компанија била да развијат смартфони и компјутери со технологија која ќе овозможи само кога ќе помислите некого да повикате, истото да се случи.
IBM исто така прогнозира дека во 2016 повеќе нема да има пасворди за влегување во компјутерот. Наместо да помните и да внесување компликувани лозинки, биометриски читачи ќе ве препознаваат по единствени податоци за вас. Компанијата “Microsoft” веќе најавила дека новиот “Windows 8” ќе им понуди на корисниците можност за „графичко“ заклучување на компјутерот. Наместо да ја помните шифрата, доволно ќе биде да означите фотографија на својата мајка или најдобриот пријател. Примитивни облици на контрола со помош на мислите веќе се користат во игрите, како што е „Mindflex“. Играчот на главата става трака за читање мисли, се концентрира и се обидува да го подигне топчето во воздух. Траката чита колку играчот се концентрира, и реагира на тој начин што го подигнува топчето.