Како што кажа Ставрески, оваа одлука е донесена поради зголемениот број на граѓани кои во последен момент решиле да поднесат барање.
Оние кои ќе решат да го сторат тоа во наредните четири дена ќе можат да аплицираат со лична идентификација, а по 27 јануари , накнадно да ги достават документите кои претходно не ги приложиле.
Министерот Ставрески информираше дека откако е започната оваа акција за откуп, над 55.000 семејства поднеле барање и додаде дека во идните неколку дена се очекува уште 10.000 граѓани да го сторат истото.
извор: Makfaks