Општина Охрид денес организираше средба со граѓаните каде можеа да бидат доставени предлози и идеи како од месните заедници, така и од физички и правни лица со цел истите да учестуваат во креирање на буџетот за наредната календарска година.
Претставници од Урбанизам, ТЛЕР, инфраструктура, образование, култура и останати сектори при Општина Охрид денеска ги примаа и разгледуваа предлозите и идеите на претставници од месните заедници, физички и правни лица кои со тоа учествуваат во креирање на буџетот за 2025-та година, велат од Општина Охрид.
Најголем број од идеите и предлозите се од областа на инфраструктурата и комуналниот развој, посочуваат.
OhridNews