Во текот на расправата можеше да се слушнат и критики за овој владин проект. Славица Грковска Лошкова од СДСМ посочи дека Универзитетот е незаконски формиран и дека и натаму тој ќе продолжи да функционира спротивно на Законот. Таа посочи и дека спротивно на најавите на Универзитетот нема ниту едно звучно име.
– Ова беше еден од проектите што беше предложен набрзина со цел да може да се покаже во предизборната кампања дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за Охрид. Овој Универзитет не се формира во интерес на граѓаните, туку на една мала група луѓе. Функционира во несоодветни услови и е дувло за вдомување партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и не нуди квалитет, обвини Грковска Лошкова.
Реплицираше претникот Цветко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ.
– За да се оцени дали има или нема квалитет на Универзитетот треба да дојдете на лице место и да се уверите во она што е сработено, а не паушално да делите оценки, и возврати на колешката од опозицијата Грозданов.
На Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, годинава можат да се запишат 300 студенти.