Од утре почнува тестирањето на вработените во градинките со цел да се овозможат услови за повторно функционирање на овие установи.

Како што истакна министерот за здравство, Венко Филипче, станува збор за околу 2000 вработени и тој очекува дека процесот на нивно тестирање ќе заврши за период од една недела.

Во меѓувреме ќе се врши усогласување на мерките и критериумите од Комисијата за заразни болести и министерството за труд и социјална политика, по што градинките би се вратиле во функција.

OhridNews