Ова мое писмо е само додаток на колумната “Кафе Пауза”, напишана од Спаско Костоски. Јас неколку години не сум вратен во Охрид (заминав на студии во САД – па еве, останав овде!), ама комплетно сум информиран за охридската „летна шема” во врска со цените! Така беше и пред да заминам на факултет, а по сеж изгледа ќе остане така и во иднина. Спаско е 100% на место со неговиот последен коментар, „Туризмот се луѓето, а не објектите”.


охридската чаршија

Се додека не се примени ова во пракса, ќе има се помалку и помалку од тие туристи “повратници“. Охрид никогаш нема да има недостиг на туристи, колку – толку познат е градот веќе насекаде, па ќе има “нови” туристи секое лето. Само проблемот е тоа што за да се изгради една постојана клиентела на туристи, тие што доаѓаат прв пат треба да видат добра услуга (што сигурно не е во недостиг во Охрид) и константни (читај човечки) цени во објектите. Дури тогаш тие истите ќе направат резервации во нивните “потсетници” да се вратат и наредните неколку лета во Охрид – па заедно со новите гости што секое лето ги има во Охридските објекти, ќе се создаде една клима за експонентно зголемување на бројот на странските (а и домашните) туристи.

Ете само толку – можно е ова што го кажав да звучи малку лаички, ама доволно имам видено и знам дека Охрид има преголем потенцијал за да има само минимален пораст на бројот на туристите од година во година!

А можно е да се почне баш од овде – од колумната “Кафе Пауза“!

Милан Живковиќ

Важно:

Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите. Редакцијата во текстовите на читателите врши само корекции кои не ја менуваат содржината.

Од редакцијата.