Познатиот охридски режисер и продуцент Даниел Јовески оваа година беше номиниран во повеќе категории на престижниот видео фестивал „Nete e klipit shqiptar 2015“ кој се одржа во Улцин – Црна Гора. Даниел оваа година учествуваше со два негови видео спотови за кои освои две награди, за едниот видео спот награда за најдобра режија, а за другиот за најдобра приказна.

„Овие две награди мене многу ми значат бидеќи го наградуваат мојот труд кој го вложувам со голема љубов и без резерва, а има нешто што мене многу ми се допаѓа, а тоа е дека на овој пазар за кој работам околу две години за кој се наменети моите спотови, истиот тоа знае да го награди  без разлика од која држава се режисерите и продуцентите без никакви местења и разни политики. Присуството и наградите на овој фестивал значат многу и ми отвораат пат за понатамошни соработки со други големи имиња на кои ова им дава доверба за да работат со мене во иднина.“-изјави за OhridNews Даниел Јовески.

Инаку да се потсетиме дека Даниел минатата година исто освои награда на овој фестивал и на уште еден голем фестивал за музички видеа „Zhurma show awards 2014“ каде ја освои главната награда „BEST VIDEO“.

OhridNews