Времен режим на сообраќај ќе бима денеска, 2 јуни, за време на одржувањето на спортскиот настан Охрид трчаТ, во чии рамки утрово ќе се одржат трки на 21 и 5 километри низ улиците на Охрид на кој учество ќе земат 2200 натпреварувачи од 31 држава.

Ве повикуваме да бидете дел од нашата визија и заедно да покажеме почит и разбирање, кон сите оние, кои одлучиле да дојдат во Охрид да трчаат и уживаат во неговите убавини. Ве молиме да имате разбирање и да го почитувате времениот сообраќаен режим. Станува збор за едно утро, односно за најмногу 3 до 4 часа, потенцираат организаторите.

Воедно упатуваат молба до сопствениците на возила да ги паркираат на соодветно место, од каде ќе може да ги користат доколку имаат потреба во тој период и да ги почитуваат насоките на редарите, волонтерите, судиите, сообраќајната полиција и поставената сигнализација.

За време на манифестацијата ќе биде затворени за сообраќај улиците: „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Македонски Просветители“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, патека Студенчишта и „Св. Наум Охридски“.

Како алтернативни паркинг простори организаторите на настанот ги посочуваат паркингот кај Горна Порта, паркингот позади Центар за култура „Григор Прличев“ и просторот за паркирање кај поранешниот спортски полигон.

Апелираме Вашите возила да ги паркирате на соодветните места пред утрото на 02 јуни 2024 бидејќи во спротивно, доколку истото не е паркирано согласно сообраќајните насоки и препораки ќе бидеме приморани Вашето возило да го дислоцираме во соработка со сообраќајната полиција и пајак службата при ЈП “Билјанини Извори”, додаваат организаторите.

Стартот на трката на 21К е во 8:15 часот, додека на 5К е во 9 часот.

OhridNews