Тимот за психосоцијална помош (ПСП) на Црвен крст Охрид, составен од два искусни психолози, од денес, е достапeн за сите граѓани на кои им е потребна дополнителна психосоцијална поддршка.
- Човечки е да се побара помош, а ние сме тука да ви помогнеме во пронаоѓање на одговорите и решенијата на проблемите. Вашите потреби од психосоцијална помош и поддршка можете да ги реализирате од вашиот дом, секој работен ден, јавувајќи се на телефон 070240365 психолог Александра Николеска во период од 10 до 12 ч. и на телефон 076624633, психолог Ранко Раткушиноски во период од 15 до 17 часот, информираат од Црвен крст Охрид.
Оттаму порачуваат-Покажете храброст и грижете се за своето ментално здравје.
OhridNews