За да се обезбеди континуирана проодност на  патниот  правец Е-504, што се протега преку НП Галичица и во зимскиот период Македонија пат треба да постави  посебен  пункт на Галичица и да се подобри безбедноста на патот кој е изграден кон средината на минатиот век, што според груби проценки на експертите би чинело неколку милиони евра.

„На пролет кога ќе го расчистуваме тој патен правец доаѓаме и на снежни наноси и до 4-5 метри, што значи дека тој патен правец бара коинтиниутет во одржувањето. За да се овозможи тоа според првичните претпоставки на највисоката точка треба да се изгради објект да се донесе струја и вода, да се ангажира механизација, работна сила, и да се обезбедат доволни количини на  абразивни матерјали“, вели Лазо Ставрески-раководител на Македонија пат-секција Охрид. Покрај ова  треба да се има во предвид дека тој патен правец е изграден во средината на минатиот век и сигурно ќе треба да се размисли и за проширување надградби и дополнителн обезбедувања во зимски услови, што значи требаат многу пари. Одржувањето на патот за Галичица, претпоставувам би чинело  милионски суми, додава Ставрески.

Од охридската секција на Македонија пат сметаат дека  во моментов не постои ниту економска оправданост ниту техничка можност тој пат да се одржува во зимскиот период. Теренот е поспецифичлен и бара пософтицирана опрема од оваа што ја поседуваат охридската и ресенската секција на Македонија пат, второ динамиката на сообраќај според крварталните мерења што се вршат во текот на годината покажува дека тој патен правец во овој период е мала од причина што не постојат некои туристички содржини кои би привлекле луѓе да се движат по таа делница, а згора на тоа Фондот на патишта го смета овој патен правец како четврти приоритет кој се чисти само на пролет, вели Ставрески.

Неодамна ЈНУ Национален пат „Галичица“ писмено се обратила до Републичкиот фонд за патишта со барање од оваа година планинскиот пат кој води до зимско рекреативниот центар Галичица да се одржува од двете страни на националниот парк.

Доколку ова прашање не се реши не ќе може да се искористат туристичките потенцијали на  Галичица во зимскиот период, сметаат експертите од Националниот парк. Со помош на италијански донатори веќе подолго време тие работат  на изработка на комплетна инфраструктурна карта на  Галичица која вклучува дефинирање и изградба на  излетнички места и рекреативни патеки, со што  НП,  ќе ги привлекува љубителите на алтернативниот туризам.

Во моментов овој патен правец е затворен и не се одржува бидејќи го нема во годишната програма за одржување на патишта.

Горан Момироски