Раководителот на оделението за образование при локалната самоуправа, Митре Велјаноски, не информираше дека образовната програма во 2006 година е реализирана во целост и дека со преземените зафати во сите училишта во општината се создадени потребните елементарни услови за непречено одвивање на наставата, со што Охрид се издвојува од другите општини во земјава како град со најмногу инвестиции во образованието.
Велјаноски најавува амбициозна програма за 2007 година, во која еден од приоритетите ќе биде и парното греење во ОУ “Григор Прличев“ на што деновиве реагираат родителите на учениците кои се жалат на проблеми со греењето.
“Еден од приоритетите е поставување на подлогата во спортската сала во ОУ “Григор Прличев“, како и парното во тоа училиште“, рече Велјаноски.
спортската сала во ОУ “Григор Прличев“
Покрај ова, во 2007 година се планира и рекоснтрукција на кровната конструкција во ОУ “Св. Климент Охридски“, каде се планира и доградба на училишен простор за настава во природа, кака и промена на дограмата во гимназијата, ЕМУЦ и во ОУ“ Братство“. Се предвидува реконструкција и на кровната конструкција на ОУ “Свети Наум Охридски“ во Пештани, како и поставување на парно греење во основните училишта “Ванчо Николески“ во с. Лескоец и “Кочо Рацин“ во населбата Радојца Новиќиќ. Во програмата е вклучена и санацаија или реконструкција на подната подлога во ОУ “Христо Узунов“.
За реализација на вака амбисиозната програма според Велјаноски ќе бидат потребни 20 милиони денари колку што ќе бидат побарани од Советот, кој одлучува за висината на средствата што од буџетот ќе бидат издвоени за образованието.
Гимназијата ноќе
Велјаноски најавува дека општината и натаму ќе финансира во продолжениот престој во училиштата, како и во талентираните ученици и училишниот спорт.
Велјаноски информираше дека во основните училишта во општината во тек е и пилот проект со кој часовите по физичко образование за учениците до 4 одделение наместо наставниците ги реализираат стручни лица, што наишло на позитивни реакции кај родителите.
Во врска со воведувањето на изборен предмет по Албански јазик или некој предмет од природните науки за учениците во 5 и 6 одделение, новина што Министерството за образование ја воведе во месец октомври, Велјаноски информираше дека првичните неофиоцијални податоци говорат дека основците од Охрид повеќе се заинтересирани за природните науки.
подготви
Горан Момироски