Охрид ќе биде топ дестинација во регионот за дочекот на Нова година, предвидуваат туристичките агенции. Веќе се потврдени голем број резервации, а најмногубројни и оваа година ќе бидат туристите од соседна Србија.

Имаме веќе конкретна најава за престој на туристи од Србија, склучивме и договор со број на соби, а интерес за Охрид оваа Нова година за прв пат пројавија и гости од Босна и Херцеговина“, изјави за Ohridnews, Елида Битрак – сопственик на туристичката агенција „Елида“.

Интерес има и од другите земји во соседството и мислам дека и оваа Нова година Охрид ќе биде полн со туристи, додава Битрак.

Охриѓани, пак, како што не информираа во туристичките агенции и годинава најмногу интерес за дочек на новата година пројавиле за зимските одморалишта во Бугарија и Србија, а како подалечна хит дестинација оваа нова година се смета Тунис.

Г.М.