По воведувањето на мобилната телефонија, класичните честитки за Нова година испраќани по пошта веќе не се во мода.Иако се лудува на дочекот на новата година до раните утрински часови, сепак, на 1 јануари се пишуваат најмногу СМС-пораки кои содржат желби за новата година.
Во првиот ден од новата година корисниците на Т-мобиле испратиле над 3,2 милиони текстуални пораки.
Од втората мобилна мрежа во државава,Космофон, на првиот ден од 2009-та биле испратени околу 1,5 милиони СМС-пораки, а од ВИП операторот, приближно 450 илјади пораки.
Трите мрежи кои оперираат во Македонија за време на новогодишните празници не евидентирале прекини во телефонскиот сообраќај.