Во Охрид денеска ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 8 степени Целзиусови.

Во недела ќе имаме умерено до значително облачно време. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд и снег. Минималната температура ќе се движи од -7°C до 0°C, а максималната до 9 степени.

На 31 декември ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -4°C до 3°C, а максималната од 1 до 7 степени.

Првиот ден од новата година ни носи променливо облачно време со умерен до засилен северен ветер. Претпладне на места ќе провејува слаб снег.

OhridNews