Во иднина несовесните граѓани кои ќе фрлаат и палат отпад во природа и на несоодветни места во урбани средини ќе плаќаат глоба и до 200 евра. Ова се предвидува со најновите измени во  Законот за управување со отпад во кој се воведени посебни прекршочни санкции за физички лица кои вршат неконтролираното исфрлање, напуштање, горење или непрописно отстранување на отпад во урбани средини, природата, покрај водени површини и на патиштата.


за палење отпад во контејнер глоба од 150 евра

Целта на законските измени е да се подигне еколошката свест кај граѓаните, но и да се заштити животната средина. Екологијата, а особено управувањето со отпадот ќе бидат и најсериозни критериуми за влез на земјата во Европската унија. Новина во законот е што глоба покрај  државните инспектори за животна средина, општинските инспектори за животна средина и општинските комунални инспектори, во иднина ќе можат да изрекуваат и полициските службеници и тоа:

 – 30 евра во денарска противредност, доколку се остава, фрла и напушта отпад и  остатоци од отпад во урбани средини;
 
– 50 евра во денарска противредност, доколку се остава, фрла и напушта отпад остатоци од отпад во природата и на патиштата и друг отпад во урбана средина;

 – 70 евра во денарска противредност доколку се остава, фрла и напушта отпадни масла, градежен шут и отпадни гуми во урбана средина, природата и на патиштата;
 
– 100 евра во денарска противредност доколку отпадите се оставени, фрлени и напуштени покрај реки, езера, бари, мочуришта и други водни тела;

 – 150 евра во денарска противредност доколку гори отпад во урбани средини и во контејнери; 

 – 200 евра во денарска противредност доколку сторителот гори отпадни гуми, отпадни масла, и друг отпад во природата и на патиштата.


Ќе се заштити ли повеќе животната средина?

Се очекува казните да влијаат на навиките на граѓаните и посетителите на Охрид кој како и останатите средини во земјава се соочува со сериозни еколошки проблеми. Најизразити тие се во лето кога секојдневно се подигаат стотици литри непрописно фрлен отпад. По завршувањето на  туристичката сезона од плажите и излетничките места се подигаат и до 20 тони цврст отпад од што дел завршува и во езерото.

ohridnews