Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и генералниот секретар на Црвениот Крст на Република Македонија, Саит Саити на денешната конференција за медиумите информираа за состојбите во поплавените подрачја во Република Македонија и потребите на населението во овие подрачја.
Министерот Спасов рече дека Владата на Република Македонија во соработка со Црвениот крст на Република Македонија и повеќе државни институции веќе спроведуваат низа активности коишто се насочени за координирана и поголема поддршка на погодените граѓани во регионите во Република Македонија коишто се оштетени од поплавите. Спасов ги повика сите приватни компании и приватни бизнисмени и стопанственици, македонската дијаспора и пријателите на Република Македонија да се вклучат во хуманитарните акции.
– Во непосредна комуникација сме со приватните производители на флаширана вода за пиење, веќе се реализраат и се реализирани донации покрај цистерните коишто се обезбедени во сите региони погодини од поплавите. Ги повикувам компаниите, со оглед на фактот дека во моментов има обезбедено вода за денешниот ден, во текот на утрешниот ден да донираат и очекуваме повторно една голема донација од страна на Пелистерка, а исто така во акцијата се вклучија и Горска и Кожуфчанка. Очекуваме и сите производители на вода да се приклучат”, рече министерот Спасов.
Донациите засега се доволни за да се задоволат потребите на погодените домаќинства. Центрите за социјална работа во соработка со општините и со меѓуресорските комисии се на терен и прават увид и досега има околуу 100 домаќинства кои се во ризик и се детектирани од нивна страна. Ќе се интервенира и со еднократна парична помош.
OhridNews