Глоба од 2.000 до 3.000 евра ќе им се изрекува на правни лица, од 500 до 1.500 евра на трговец поединец и од 300-500 евра на физички лица.
Одлуката за ограничување на пловидбата за скутери на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро во Службен весник беше објавена на 5.-ти овој месец. Ограничувањето на пловидбата на сила е до 20 август, во периодот од 11 до 18 часот.
Ваквата одлука според скутерџиите е апсурдна и негативно ќе влијае на туризмот во Охрид. Тие од Капетанијата побараа да иницира повлекување на забраната, во спротивно најавија тужби против неа и Министерството за транспорт.