Компанијата која планира во 2012 да го отвори првиот хотел во вселената соопштила дека се се’ одвива според планот и покрај критичарите кои се сомневаат во оваа инвестиција, вредна повеќе милијарди долари. Шпанските архитекти на хотелот по име „Галактичко вселенско одморалиште“ велат дека престојот од три ноќевања ќе чини 3 милиони евра, а во цената е вклучено и осум седмици подготовка на некој од Карипските острови.
Додека престојуваат гостите ќе го гледаат изгрејсонцето 15 пати на ден и ќе одат на пат околу светот на секои 80 минути. До хотелот ќе се патува со ракета на секои три дена. Патот ќе трае околу еден и пол ден.