Од главните канцеларии на компанијата Епл во Калифорнија беше објавена веста дека во рок од три дена од пуштањето во продажба на новите модели на нивиот паметен телефон iPhone, почетните залихи на моделот iPhone 5S се целосно распродадени.


Побарувачката за новите телефони е неверојатна. Иако ги продадовме почетните залихи на iPhone 5S нашите продавници редовно добиваат нови пратки – изјавил Тим Кук, извршниот директор на оваа компанија.

По падот на учеството на пазарот изминатите неколку месеци, оваа информација најверојатно ќе го обележи враќањето на iPhone како најпродаван телефон во САД.