Лицето кое по електронски пат ќе ги пополни формуларите за одредени неправилност има можност да остане анонимно, а УЈП по овие пријави ќе постапува идентично како и со пријавите поднесени писмено или телефонски. Примената на електронското пријавување ќе влијае врз намалување на времето на обработка на поднесените формулари.
Во изминатите пет години, колку што постои посебната телефонската линија на УЈП, биле регистрирани вкупно 24.330 обраќања на граѓани по четирите основи за кои се воведуваат Е- формуларите. Предвидено е тие да овозможат заштита на податоците и максимална анонимност на граѓанинот кој ќе ги пријави неправилностите.