Новиот закон предвидува правните лица кои се занимаваат со градежништво да поседуваат лиценци за работа, а за прв пат се воведуваат и рокови за завршување на градба. За јавните објекти рокот за изградба е до 10 години, а зградите и куќите до 4 години од кога одобрението за градење ќе стане правосилно.
Во иднина општините ќе бидат обврзани да издаваат решение за одредено барање за градба во рок од 5 дена. Доколку тоа не го сторат, инвеститорот ќе може да поднесе жалба за молчење на администрација до министерството за транспорт и врски кое ќе им наложи на општините во рок од 30 дена да донесат одобрение за поднесеното барање.
Исто така се предвидуваат и мандантни казни за вработените во општините, кои ќе се движат од 1000 до 2000 евра.