Натпреварот во туркање на рака беше искористен за промовирање на клубот “За Нед До“ од Битола, кој се занимава со изучување на традиционалните боречки вештини.

Секоја држава има своја специфична вештина, а во клубот ги усовршуваат техниките на самоодбрана, работата со традиционално оружје, борби во кик – бокс, ултимејт фајт, како и  мешавина на боречки вештини.


За Нед До

Ја користиме секоја манифестација  да се претставиме со некоја точка. Во Охрид ги претставивме најмладите членови на клубот. Бевме во Белград на реалното “Супер талент“ шоу каде успеавме да се пласираме во полуфиналето- ни рече  Златко Неделковски претседателот на клубот.

Покрај афирмацијата, целта на клубот е да се формираат неколку клубови во државата како младите кои се занимаваат со овај спорт добијат свое првенство во кое би се натпреварувале.

М.П.