Повеќе од 800 учесници на безбедносниот НАТО форум  што започнува денес, ќе дојдат и ќе заминат од Охрид, а граѓаните ќе продолжат да живеат со своите секодјневни проблеми, за кои велат дека никој не води сметка. Охрид, сметаат тие, испушти историска шанса  со парите од НАТО и со држвни средства да ја подобри сопствената инфраструктура и да реши одредени комунални проблеми.

Градот на УНЕСКО, туристичкиот бисер на балканот , импресионира со својатра убавина само во својот најатрактивен дел- во централното градско подрачје. Делови на градот кои се наоѓаат во непосредна близина на центарот  се третираат како воопшто да не се составен дел на Охрид.


периферијата на Охрид заборавена

Секаде Охрид е направен како цвеќе, а  населбата Воска како мултиетничка средина , реката Грашница и патот каде што одат туристите секој ден не е направен иако тоа  е предвидено.
Реката е овде со години,  ние овде имаме деца не можеме прозор да отвориме, секаде се гради , секаде се прави, оваа река никој никогаш не ја спомнува да ја прави, па живее овде цело маало, живеат фамилијарни луге, револтирано коментираат охриѓани..

Она што забележуваме е  дека во центарот на градот се регулира и се средуваат некои работи, а овде во периферија малку потешко, така да ние сме приморани самите тоа да го чистиме без подршка од тие што треба да го прават тоа, реагираат граѓаните од периферните населби.

На повеќе пати  преку петиции тие од градот бараа локалните власти и државата да помогне во решавање на нивните проблеми. Се додека истите не се решат делови од Охрид ке остане слепо црево.

Мики Трајковски