Локалната самоуправа ќе издвои 22 милиони денари од општинскиот буџет за организиација на НАТО форумот, поради што дел од комуналните проблеми на граѓаните и годинава ќе останат нерешени.

За советниикот од ВМРО НП Ранко Вељаноски, нелогично е општината да финансира проект од државен интерес, а тоа да биде на штета на граѓаните. “Неприфатливи е да се потрошат толкави пари за класично шминкање на градот“, смета  Вељаноски.

За дел од советниците пак неспорно е дека општината треба да издвои дел од буџетските средста за организација на НАТО форумот, бидејќи тоа е настан кој како што беше истакнато на Охрид ќе му донесе огромна реклама.

На крај советниците го прифатија предлогот на Комисијата за финансирање и буџет со кој се предвидува градоначалникот да стапи во контакт со релевантните институции во државата и да склучи договор финансиските средства за извршените работи од програмата  да ги обезбеди државата, а локланата самоуправа да се јави само како извршител на потребните активности.

Советот исто така усвои заклучок со кој од градоначаникот се бара по завршувањето на НАТО форумот, а најдоцна до 15 јули, тој да реферира пред Советот колку пари потрошила државата а колку општината за организација на форумот.


Шминкање од 22 милиони денари

Инаку на  34 седница советниците речиси експресно ги усвоија извештајот за работа и предлогот за задолжување на ЈП Охридски комуналец, измената на ДУП за Горица каде ќе се гради суперлуксузен хотел, како и програмата на општинскиот Совет за безбедснот во сообраќајот.

Советот  одново ја одложи расправата околу предлозите за подигнивање повеќе спомен обележја во центарот на Охрид.

Г. Момироски