Пол Мекартни и останатите музички ѕвезди кои учестувале во церемонија на отварањето на Олимписките игри во Лондон за својот настап биле платени точно една фунта.
Оваа вест беше потврдена од одборот задолжен за организација на Олимписките игри кои изјавија дека Пол Мекартни, Мајк Олдфилд, Дизи Раскал и други потпишале договор кои им гарантира хонорар од една фунта.

Иако изведувачите не сакале никаков надомест за своето учество, морално било да се потпише формален договор во кој ќе биде наведен хонорарот.
Пол Мекартни со смеење изјавил дека иако не бил платен за неговиот настап тој сепак успеал да ја искористи ситуацијата бидејќи организаторите му понудиле влезници за сите натпревари.