„За насилството не треба да се молчи“ е новата кампањата на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, која има цел да ја информира јавноста за насилството на кое се изложени децата во Македонија. Идејата за оваа кампања произлегла од анализата на податоците, добиени од работата на СОС-телефонот во последните неколку години, а која покажува дека се зголемени пријавите за злоупотреба и на насилство врз децата.


– Преку оваа кампања сакаме да ги охрабриме децата да го пријавуваат насилството на СОС-телефонот за деца и млади 0800 1 2222. Неопходно е да се проговори за насилството и за злоупотребата врз децата. Последиците од насилството се многу сериозни за развојот на детската личност. Стравот, несигурноста, ниската самодоверба, недовербата во институционалната заштита и неинформираноста за службите што треба да обезбедат помош и поддршка – се најчесто причината поради која децата молчат, го трпат насилството и ретко говорат за истото – велат од „Меѓаши“.

Тие  нагласуваат дека покрај  СОС-линијата,  континуирано работи и бесплатната правна служба, која зависно од видот на проблемот постапува со писмени обраќања до различни државни институции.

OhridNews