Глоба во износ од 100 до 400 евра, ќе му се изрече на некој доколку на јавно место со викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот ред и мир или на јавно место со фрлање или кршење шишиња, чаши или други предмети ги вознемирува грѓаните или ја загрозува нивната безбедност.
Ова се предвидува со новиор Закон за прекршоците против јавниот ред и мир, што вшера го донесе Парламентот..
Според новиот Закон глоба во износ 100 до 400 евра ќе му се изрече на некој кој на јавно место се пијанчи или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир. Ќе биде казнет и секој што ќе малтретира друго лице во стан и ги вознемирува соседите, доколку го нарушува мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди освен на вообичаени веселби, како и со механички извори на врева.
Г.М.