Од Јавната Установа Национанален парк Галичица ги информираат сите жители на Охрид како и посетителите, дека наредниот продолжен викенд, ќе можат да подигнат дозволи за движење во границите на паркот, до петок 31- ви јули, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица “Велестовски Пат“ б.б. При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетат на паркот со точна релација.
Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во шумите. Согласно Законот за шуми, казната за физичките лица кои нема да ја почитуваат забраната, односно кои ќе се затекнат како се движат во шума без дадено одобрение од страна дирекцијата на паркот, се движи од 1500 до 2000 евра.
Тоа значи дека секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата за престој или посета на паркот. Овие одобренија ќе се издаваат во дирекцијата, а за сите информации посетителите можат да се информираат на телефонот 046/ 261 473.
OhridNews