Еден дом за птици во Велика Британија тврди дека за се поголемиот број напуштени утови крив е Хари Потер.

Центарот за диви животни и спасување на миленичиња во Холивел во Велс, објавил во понеделникот дека во овој момент се грижи за 36 утови, а барем половина од тие птици е купена на деца кои ја читале книгата за Хари Потер или ги гледала филмовите.


„Луѓето ги сакаат тие утови за малите деца, но тие не се за нив, особено не големи утови како Хедвиџ од филмот за Хари Потер“, изјавиле од центарот.

„Тоа е прекрасно милениче, но морате да му се посветите. Децата ја немаат таа упорност, нема да се сетат една вечер претходно да ја одмрзнат храната.“изјавила сопственичката на центарот.