Сребрена монета од 1652 година која била пронајдена во поле со компири во Масачусец била продадена на аукција за 430 илјади долари. Како што пренеле медиумите, монетата ја пронашла жена од Ист Хемптон пред 23 години со помош на детектор за метал.
Монетата била продадена за сума која е четири пати поголема од онаа која ја очекувале аукционерите. Паричката од колонијалниот период била продадена минатата седмица во Балтимор. Таа е една од осум, колку што ги има. Прв пати била продадена на аукција во 1992 година за 35 илјади долари. Човекот кој ја купил минатата седмица ја продал за многу поголема сума. Жената која ја пронашла, Лилијан Кинг, за локалните медиуми изјавила дека сега жали што побрзала со продажба на монетата.