Облеката го прави човекот, а добрата модна комбинација задоволството. Ако сте личност која води сметка за својот изглед или сакате да се подновите со квалитетно парче облека за секаква пригода, посетете ја специјализираната продавница за машки одела и додатоци „BRUMMELL“ во трговскиот центар „Dua Mall“ во Струга на кат, која официјално започна со работа денеска.
Покрај голем избор на одела, „BRUMMELL“ нуди свечени токсида, квалитетни кошули, чевли, кожни каиши, актовки, ташничиња, паричници и разни додатоци.
Тука ќе најдете модели за разни прилики, веселби, матури, деловни пригоди… Облеката во „BRUMMELL“ е изработена од природни материјали со извонреден квалитет, а цените пристапни.
Се зависи од вашите желби и потреби, какво одело ќе изберете, каков моден детал ќе ставите. Тоа го избирате според приликата за која се дотерувате, според расположението, стилот кој го сакате, но исто така и по тоа колку сте смели да комбинирате и што сакате да носите. Ние сме тука да ви го овозможиме тоа. – посочува менаџерскиот тим на „BRUMMELL“.
Специјализираната модна продавница за машки одела и додатоци „BRUMMELL“ во трговскиот центар „Dua Mall“ во Струга на кат, е достапна за купувачите секој ден од 10 до 21 часот, а во недела од 10 до 20 часот.
„BRUMMELL“ ја носи најновата мода во Охрид и Струга
OhridNews/PR